| |

Бугарскиот град Гоце Делчев и Берово договорија продлабочување на соработката во повеќе области

Делегација од општина Гоце Делчев, предводена од градоначалникот Владимир Москов, престојуваше на работна и пријателска посета на општина Берово, каде домаќин беше градоначалникот Петар Ружински, јавува весникот „Вера“. На средбата присуствуваа и претседателот на Пензионерската асоцијација Гоце Здравковски и советникот од Бирото за развој на образованието, Зоран Мазновски.

Од бугарска страна, во делегацијата учествуваа и Костадин Харисков, раководител на одделот „Образование, култура, социјални активности, спорт и млади“, како и Мариана Костадинова – директорка на детската градинка „Џани Родари“ во Гоце Делчев. Општина Берово и оваа детска градинка реализираа заеднички проект во 2015 година за подобрување на енергетската ефикасност под мотото „Зелена иднина за нашите деца“.

Во пријателска атмосфера, двајцата градоначалници разговараа за продлабочување на соработката во областите на културата, туризмот, образованието, социјалната и детската заштита, како и за размена на идеи и искуства меѓу бизнис-секторите од двете страни на границата.

На крајот од средбата, двете страни изразија подготвеност за продолжување и зајакнување на пријателските односи, размена на добри практики и реализирање заеднички активности и идни проекти од заеднички интерес.



Слични Објави