| |

Бугарскиот научник проф. д-р Албена Јорданова доби меѓународна награда и 1 милион евра за истражување на ретка болест

Бугарскиот научник проф. д-р Албена Јорданова е одликувана со престижна меѓународна награда и финансирање во износ од 1 милион евра за истражување на ретко заболување, јавува Бугарската национална телевизија.

Средствата ќе ги поддржат нејзините истражувања за болеста Шарко–Мари–Тут (CMT) – наследна болест која постепено ги оштетува периферните нерви и го отежнува движењето.

Тимот на проф. Јорданова работи во тесна соработка со засегнати семејства од повеќе држави, вклучително и Бугарија. Новото финансирање ќе го забрза развојот на потенцијални терапии и дава надеж за пациентите кои живеат со ова ретко заболување.

Се очекува наскоро и официјалното врачување на наградата.

Слични Објави