Бугарскиот патријарх Даниил се сретна со генералниот конзул на Бугарија во Чикаго Светослав Станков
Бугарскиот патријарх и софиски митрополит Даниил во вторникот (30 јули) го прими во своето седиште во Светата софијска митрополија, генералниот конзул на Република Бугарија во Чикаго Светослав Станков, јавува Бугарската патријаршија.
На средбата присуствувал и епископот Бранички Пахомиј, прв викариј на бугарскиот патријарх. Неговата светост патријарх Даниил ја охрабрил бугарската дипломатска мисија во Чикаго во нејзините филантропски активности, истакнувајќи ја нејзината важност за бројната бугарска дијаспора во САД. Од своја страна генералниот конзул, му честитал на Неговата Светост за неговиот избор за бугарски патријарх и му посакал здравје, мудрост и сила во неговата одговорна служба.
Станков ги опишал состојбите со бугарската заедница, привлекувајќи го вниманието на фактот дека со посебни нормативни акти на американската држава од почетокот на 20 век, бугарските храмови се признати како дел од американското културно и историско наследство. На крајот од средбата, Неговата Светост му подарил на генералниот конзул Станков икона на Пресвета Богородица и Младенецот, која ќе ја штити бугарската заедница во Чикаго.
