Бугарскиот премиер Желјазков и првиот дипломат Георгиев на дипломатски форум во Анталија
Премиерот на Бугарија, Росен Желјазков, ќе учествува на четвртото издание на дипломатскиот форум во Анталија, кој се одржува од денес до 13 април. Темата на годинешниот форум е „Обнова на дипломатијата во фрагментиран свет“, јавува БНР. Настанот е под покровителство на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и ќе собере државни лидери, политичари, дипломати и научници.
Денес, премиерот Желјазков ќе учествува во лидерскиот панел на тема „Барање партнерства во ерата на мултиполарноста“, а подоцна ќе присуствува на официјална вечера организирана од претседателот Ердоган. Во делегацијата е и министерот за надворешни работи, Георг Георгиев, кој ќе учествува во дискусија за безбедноста во Црноморскиот регион.

