Царот Борис III ги наградил учителките, кои ги изработиле знамињата на четите од Охрид и Струга за време на Илинденското востание
Пишува: Зоранчо Маринков
Учителките и револуционерки од Охрид и Струга: Славка Чакарова Пушкарова, Клиа Самарджиева, Поликсена Мисинова и Марија Паскова Пармакова, во 1943 година добиваат награда за нивното дело од Цар Борис III – Дамски крст на орденот за граѓанска заслуга III степен.
Тие учителки им помагаат во работата на дејците на ВМОРО, а ги изработиле и знамињата на Охридската и Струшката чета за Илинденското востание. На свеченоста по нивното наградување во Охрид, присуствува и охридскиот војвода по време на Илинденското востание, Андон Кецкаров.
“На 4 јули овој месец, недела, овде имаше убава свеченост. После торжествената литургија во историската црква “Свети Климент”, која ја отслужија Неговото Преосвештенство епископ Харитон и охридското духовенство, во читалиштето “Свети Климент” се одржа свечено собрание на Охридското женско друштво. Специјално за собранието, во Охрид пристигнаа членките на управниот совет на Българскиот женски сојуз, предводени од претседателката г-ѓа Димитрина Иванова.
Собранието беше отворено од градоначалникот на градот г-дин Илија Коцарев, по што г-ѓа Царева Каваева зборуваше за делот на “Свети Климент”. После тоа, г-ѓа Димитрина Иванова одржа голем говор на тема: “Българката во служба на својата земја”. Говорот на г-ѓа Иванова се слушаше со голем интерес и често беше прекинуван со продолжителен аплауз…
На крајот, г-ѓа Иванова ги опиша заслугите на четирите охриѓанки кои се истакнале во ослободителните борби: Марија Паскова Пармакова, Клиа Самарџиева, Славка Чакарова Пушкарова и Поликена Мисинова, коишто Неговото Височество Царот со задоволство ги одликуваше со Дамски крст на орденот за граѓанска заслуга III степен.
Длабоко трогнати, старите охриѓанки се заблагодарија за Височественото внимание и ги прифатија честитките искажани од епископ Харитон, г. Миладинов, началникот на гарнизонот и други. Најдлабок впечаток оставија честитките на стариот илинденец и учител г-дин Андон Кецкаров, чиишто ученички беа наградените охриѓанки.После свеченоста сите се упатија во “Билјанини Извори”, кадешто под сенките на вековните чинари беше поставен ручек на гостите…
“Публикувано во вестник “Целокупна България”, јули 1943 год.