| |

ЦАРОВСКА НА СРЕДБА СО ДИРЕКТОРИТЕ НА ПРИВАТНИТЕ ПЕНЗИСКИ ДРУШТВА, НА ПИОМ И НА МАПАС

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска денеска во просториите на Министерството ќе одржи работна средба со директорите на приватните пензиски друштва, КБ Прво пензиско друштво и САВА Пензиско друштво и со директорите на Фондот на ПИОМ и на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС).
Состанокот следува откако Царовска викендот обелодени дека на 12 илјади осигуреници на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, кои се во двостолбниот пензиски систем, повеќе години не им биле префрлани средства во вториот столб, по што вчера Министерството за труд и социјална политика достави кривична пријава против непознат сторител до Основното јавно обвинителство.
Покрај пријавата, доставени се и сите документи од анализата на пензискиот систем со која се откриени неправилностите при распределбата на средствата.
Фондот на пензиско и инвалидско осигурување, пак, вчера преку соопштение наведе причини поради кои, како што вели, не се распределени осигуреници во вториот пензиски столб.



Слични Објави