(Видео) Децата од приватното основно училиште „Цар Симеон Велики “ во Банкја собраа 5300 лева на велигденски базар за настраданите во Кочани
Учениците од приватното основно училиште „Цар Симеон Велики“ во Банкја собраа 5300 лева на хуманитарен велигденски базар, средства кои ќе бидат донирани за настраданите од пожарот во Кочани, Република Северна Македонија. Ова го потврди директорката на училиштето Марија Иванова за БТА. „Од години, на секој Велигден и секоја Божик имаме ваков базар со хуманитарна цел….
