„Задоцнета реакација“ – протест на семејствата на загинатите во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“
Во Кочани и денеска семејствата на загинатите во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ излегоа на протестен марш. Маршот се одвиваше под мотото „Задоцнета реакција“. Граѓаните, симболично, тргнаа од Паркот на Револуцијата во 12 часот и 5 минути, за да го искажат незадоволството од задоцнетата реакција на надлежните институции, како една од причините за големата трагедија….
