Димитрија Доксевски избран за директор на фестивалот „Браќа Манаки“
Актерот Димитрија Доксевски на денешното свечено Собрание на Друштвото на филмски работници (ДФРМ) е избран за нов директор на Меѓународниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“. Според статутот на ДФРМ, мандатот на Димитрија Доксевски важи за следните две изданија на фестивалот. Димитрија Доксевски ја презентираше предлог програмата на фестивалот и се заложи дека ќе работи…
