Граѓаните на Црна Гора предале над 30 парчиња оружје во рамки на кампањата „Почитувај го животот, врати оружје“
Во последните три дена, граѓаните на Црна Гора доброволно предале значителна количина оружје и муниција како дел од кампањата „Почитувај го животот, врати оружје“, соопшти Управата за полиција. Предадени се 19 пиштоли, 14 пушки, 496 парчиња муниција, како и повеќе делови од оружје. Полицијата апелира до сите граѓани да го дадат својот придонес за безбедноста…
