Антикорупциска нема да постапува против директорот на АНБ, Бојан Христовски – за веродостојноста на сертификатот велат дека не се надлежни
Антикорупциската комисија го затвори предметот за именувањето на директорот на АНБ, Бојан Христовски. За сертификатот по англиски јазик, издаден од училиште во Пловдив, Бугарија, Антикорупциската комисија заклучи дека не е надлежна да вештачи дали документот е фалсификуван, туку тоа е работа на Обвинителството. „ДКСК изврши увид во сертификатот и формално правно условот е поднесен, односно,…
