Беровец на нива нашол рачна бомба и ја ставил во својот автомобил
Триесет и осумгодишен маж од селото Двориште, беровско, извршувајќи земјоделски работи на сопствениот имот, пред два дена пронашол неексплодирана рачна бомба. Како што соопшти МВР, мажот ја зел бомбата со себе и ја оставил во неговото патничко возило „фолксваген голф“. Следниот ден, полициските службеници од ОВР Берово излегле на местото и ја пронашле рачната бомба…
