Инаугуративна седница на ИППГ за поддршка на Кримската платформа
Денес во Собранието се одржа Првата седница на Интерпартиската парламентарна Група (ИППГ) за поддршка на Кримската платформа. Седницата ја отвори и со неа претседаваше претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, кој воедно е иницијатор и претседател на ова неформално тело. Претседателот Гаши им се заблагодари на пратениците за поддршката на неговата иницијатива…
