Почина градоначалникот на Брвеница, Јовица Илиевски
Почина градоначалникот на Брвеница, Јовица Илиевски. Веста за неговата ненадејна смрт ја соопшти премиерот Христијан Мицкоски преку објава на социјалните мрежи. Мицкоски го опиша Илиевски како работлив, чесен и скромен човек, целосно посветен на граѓаните и на општината што ја водел. „Беше секогаш меѓу луѓето. Ги слушаше, им помагаше и се бореше за нивните потреби….
