Филмот „Мајка“ на Теона Стругар Митевска ќе биде дел од селекцијата на Софија филм фест во Бугарија
Најновиот филм на режисерката Теона Стругар Митевска, „Мајка“ („Mother“), ќе биде дел од селекцијата на Балканскиот конкурс во рамките на овагодинешното издание на Софија филм фест, јавува Актуално. „Мајка“ („Mother“) е интригантен расказ за седум дена од животот на жената која себеси ѝ се посвети на служба на другите. Надеж, нерешливи дилеми и драматични пресврти…
