Бугарија започнува нов проект за модернизација на своите вооружени сили со набавка на седум воени бродови од Белгија и Холандија
Бугарската влада одобри спогодба меѓу Бугарија, Белгија и Холандија за набавка на седум воени бродови-миноловци, со што официјално започнува уште еден проект за превооружување и модернизација на вооружените сили. Ова по завршувањето на седницата на владата го соопшти министерот за одбрана Атанас Запрјанов. Четири од бродовите ќе бидат обезбедени од Белгија, а три од Холандија….
