Апелациониот суд ја потврди пресудата за клевета: Насер Селмани предупредува на опасен преседан во штета на слободата на изразување
Апелацискиот суд во Скопје ја потврди пресудата на Основниот граѓански суд- Скопје со која новинарот и поранешен претседател на ЗНМ Насер Селмани е осуден за клевета и навреда, затоа што, според судот, не докажал дека „медиумите сè уште се контролирани од партиите и владата“ и дека „директорот на телевизијата врши притисок врз новинарите“. Селмани потсети…
