Општина Кисела Вода ќе врши контроли по несреќата со загинато лице и тројцата повредени на градилиште
Општина Кисела Вода најави вонреден инспекциски надзор по трагичниот настан на нејзина територија во кој едно лице го загуби животот, а три лица беа повредени. Градоначалничката Бети Стаменкоска-Трајкоска изрази сочувство до семејството на починатиот и им посака побрзо закрепнување на повредените. „Изразуваме длабоко жалење за загубата на човечкиот живот. Општината иницира вонреден инспекциски надзор со…
