Средба на претседателот Иванов со Вселенскиот Патријарх Вартоломеј I
Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, во Истанбул оствари средба со Вселенскиот Патријарх Вартоломеј I. Претседателот Иванов, упатувајќи честитки по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, ги поздрави активностите и напорите на Вселенскиот Патријарх за обезбедување поголемо единство во православната екумена и за помирување на христијанството со другите религии. „Во време кога…
