КИНА ГО ЗАБРАНИ БИ-БИ-СИ, ЛОНДОН ГО ОСУДИ КАКО НАПАД ВРЗ СЛОБОДАТА НА МЕДИУМИТЕ
Кинеското регулаторно тело го забрани вчера емитувањето на програмата на британската телевизија Би-би-си ворлд њуз оценувајќи дека таа со својата содржина сериозно ги прекршила прописите во земјата. Во соопштението се наведува дека телевизијата го кршела принципот според кој „информациите треба да бидат веродостојни и точни“ и „да не им штетат на националните интереси на Кина“….
