Чавдар Стефанов за БНР: Додека Путин е жив во Русија ќе има диктатура

//

„Средбата меѓу претседателите на Русија, Иран и Турција е средба на три земји кои се во војна. Таканаречената „Трoјка од Астана“ има за цел да ја реши ситуацијата во Сирија. Но, секој од овие претседатели има свои интереси. На Ердоган му претстојат избори следната година. За Путин е важно да дознае дали Иран може да ги испорачува беспилотните летала, од кои Русија има потреба“.

Ова за БНР го коментира Чавдар Стефанов, долгогодишен дописник на БНР од Москва, еден од креаторите на програмата „12+3“ на „Хоризонт“.

„Тројцата ќе разговараат и за можноста за извоз на украинско жито“.

Стефанов додава дека не гледа причина за верско обединување меѓу трите земји против секуларниот Запад.

„Со оваа средба во Техеран може да се зборува за можноста рускиот претседател да му покаже на светот дека Блискиот и Средниот исток му се на дофат. Оваа средба доаѓа по посетата на американскиот претседател на монархиите во Персискиот залив, Саудиска Арабија… Додека е жив Путин, во Русија ќе има диктатура. Оваа диктатура постојано ќе се зајакнува, таа е насочена не само против рускиот народ. За Русија меѓународните договори се куп хартија. Затоа не гледам какви односи може да се градат со таков режим“, вели Стефанов.



Во врска со отпуштањата во Украина – претседателот Володимир Зеленски го разреши шефот на службата за внатрешна безбедност на земјата и главниот обвинител, новинарот нагласи дека корупцијата е силна во земјата и се доаѓа од советска страна.

„Но, тие случувања Украина ги доживува како борба за европска иднина. Украина не прекинува да се бори против корупцијата, вклучително и со најновите одлуки“, вели Чавдар Стефанов за БНР.

Целото интервју за бугарскиот новинар Чавдар Стефанов можете да го слушнете овде.

Претходна статија

ЕК уверува дека работи со „светлосна брзина“ за финализирање на Фронтекс со Северна Македонија

Следна статија

Бугарските медиуми за стартот на преговорите на Северна Македонија и Албанија со ЕУ

Најново од Вести