ЧЕТИРИ ЛИЦА ПОВРЕДЕНИ ВО СООБРАЌАЈКА КАЈ БИТОЛСКО
Вчера во 17,25 часот било пријавено дека на патот Битола–Драгош кај село Породин се случила сообраќајна негода помеѓу патничко моторно возило „форд ескорд“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Р.К.(27) од с. Крклино- битолско и патничко моторно возило „мерцедес“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Ш.С.(44) од село Кишава-битолско.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот Р.К. и сопатникот од истото возило З.П.(45), а со телесни повреди се здобиле возачот Ш.С. и сопатничка од истото возило Б.С.(44) по што биле пренесени во Клиничката болница Битола за укажување на лекарска помош.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Битола.
