|

ЦРН ДЕН ВО ИТАЛИЈА- НОВИ 969 ЛИЦА ПОЧИНАА ОД КОВИД-19

Во последните 24 часа во Италија починаа 969 лица од новиот корона вирус, а регистрирани се 5.909 новозаразени. Со тоа вкупниот број на смртни случаи достигна 9.134, а потврдени се 86.498 заболени.

„Тоа е најголем број на починати луѓе во еден ден“, соопшти Службата за цивилна заштита во Рим.

Вкупно 10.950 лица се хоспитализирани во болниците откако биле заразени со Ковид-19, а 3.732 се наоѓаат на интензивна нега.



Слични Објави