| |

Црногорскиот манастир во Бугарија прими 40 деца од украинската Сумска област

Црногорскиот манастир во Бугарија по вторпат прими деца од украинската Сумска област. Посетата е организирана во соработка со Амбасадата на Украина во Бугарија, јави преку својот Facebook профил, игуменот на манастирот архимандрит Никанор.

Гости на светиот манастир се 40 деца – ученици од различни одделенија и населени места во Сумската Област. Повеќето од нив не се познавале пред патувањето во Бугарија, но деновите поминати заедно во манастирот ги зближиле и придонеле за создавање нови пријателства.

Престојот на децата во Црногорскиот манастир бил овозможен благодарение на пријатели и добротвори на манастирот, како и на луѓе кои од почетокот на војната вложуваат напори да им помогнат на настраданите во Украина.

Меѓу нив е и тимот на Фондацијата за пристап до права (ФАР), со активно учество на Олга Колот, која заедно со своите истомисленици продолжува да им дава поддршка на украинските семејства и деца што пронашле спас од војната.

Благодарение на оваа солидарност биле обезбедени потребните услови за престојот на децата, вклучително и квалитетна храна, средства за патувања и можности за посета на културни и историски места во Софија и Пловдив.

Слични Објави