| |

Д-р Христо Татарчев: Илинден- симбол на слобода и единство

По повод 30-годишнината од Илинденско-Преображенското востание, еден од основачите на ВМОРО, д-р Христо Татарчев, ја пишува оваа статија во весникот „Македония“ во која го велича подвигот на македонските Бугари кои се кренале да ја извојуваат слободата на Македонија.

Илинденското востание чија 30 годишнина ќе ја празнува македонскиот Бугарин, беше заеднички сенароден сон под чиј импулс и верба Македонија се подготвуваше редица години и ги даде сите можни морални и материјални жртви за овој голем момент. Тоа (востанието) требаше да дојде по една долгогодишна револуционерна дејност.

Овој настан е колку што грандиозен, толку и сублимен во историјата за ревендикација на слободата по замисла цели и планирања во неговото спроведување. А исто така и според ентузијазмот, ретко видениот подем и саможртвата на робот против многувековниот поробувач на неговата родина.
Македонскиот Бугарин се пројави тука со својот возвишен дух, силен карактер и нескршлива волја и се издигна себеси во таа борба за достигнување на идеалот- Слобода за Македонија, како моќен народ со јасно оцртан народностен лик, чувства и сознание.

Историското значење воопшто, се состои не само во онаа негова интензивна стихијност, со кое што се водеше востанието месеци низ целата земја и со која по еден највнушителен начин можеше да се протестира против европската дипломатија која ја поддржуваше тиранијата во Македонија- а пред се во личната и колективна саможртва во онаа нескршлива волја која го издигна Македонецот на бескрајна височина во акцијата за конкретизирање на пламената и движечка идеја за слобода.

Тој со својот храбар замав ги скрши прангите на многувековното ропство на оној поим што владееше со векови за малодушноста и бессилието на робот против моќната турска империја и стана не само господар на горите и полјаните туку и на цели населени места. Неговото знаме Слобода или Смрт долго време се веело во убавиот град Крушево. 25 000 македонски борци, вооружени најпримитивно, ја бранеа со ретко видена енергија и храброст каузата за слободата против 350 илјадна редовна турска војска додека зимата не стави крај на борбата.
Устремот на македонскиот борец во таа нерамна но голема борба беше дело пропиено од возвишен идеализам и безгранична синовна љубов кон родната земја како и од длабоко сознание и верба за градбата на слободата на Македонија.

Таа борба изворно ја создаде илинденската епопеја, ја покри нашата родина со нетленна слава и големина што вечно ќе блеска во овој крај.

Илинденското востание воопшто, е ореолот на една моќна осознаена народна волја на натприродната човечка акција пројавена во името на еден светол идеал -слободата.
Таа беспримерна акција на живот или смрт на неброени нејзини родољупци за слободата на род и татковина ја исполнува еднакво душата на Македонецот со благоговение пред скапите жртви и со гордост и адмирација пред епските херојски подвизи кои го направија бесмртно ослободителното дело.

Борбите понесени од македонскиот бугарски народ пред и за време на востанието за слободата на Македонија го зајакнаа и проширија неговиот мироглед во однос на разбирањето на животот и создадоа една нераскинлива врска меѓу него и делото. Актив кој што не може да биде обезличен.
Магичниот ефект воопшто, на Илинденското востание и неговиот шармантен блесок ќе зајакнува со текот на времето и ќе биде светилник, ѕвезда водилка на македонските борци пред стрмната голгота во нивната борба;

Динамичноста која што стимулира, ќе ја зацврстува секогаш нивната волја и енергија за креирање на нови легендарни подвизи во ослободителната македонска историја.
Вечен спомен на паднатите! Да живее нашето големо дело!
Торино, 12 јули 1933 година.

Статијата на д-р Христо Татарчев обjaвена во бројот 2020 на на весникот Македония на 18 јули 1933 г. можете да ја видите овде.

Извор: Онлајн библиотека Струмски



Слични Објави