| |

Д-Р ПАНОВСКИ: АКО НЕ СЕ ОБЕДИНИМЕ НЀ ОЧЕКУВА НАЦИОНАЛНА КАТАСТРОФА

Микробиологот д-р Никола Пановски во интервју за Фактор тврди дека новите рестриктивни мерки ќе дадат резултати.

„Претходните мерки кои беа воведени во текот на пролетта имаа огромен ефект во спречувањето на ширењето на корона вирусот. И сега би требало да биде така, зошто на граѓаните очигледно не смее се’ да им се дозволи. Едноставно премногу се опуштија и очекувани се вакви бројки на новозаразени“, вели д-р. Никола Пановски.

„Очекувам влошување на епидемиолошката состојба бидејќи по воведувањето на рестриктивните мерки кои главно се донесуваат, сега за сега, на угостителските објекти, народот ќе почне да се собира по дома, да има домашни журки и повторно ќе има голем број новозаразени“, вели Пановски.

Јас сметам, па и предлагам, ако не сакаме да доживееме национална катастрофа, треба сите да се соберат, мислам на партиите, но навистина сите политички партии без исклучок и претставници на верските заедници и да излезат јавно, на телевизија, на заедничка прес-конференција и да упатат еден апел да нема масовни собирања, слави, родендени, крштевки, свадби и се што подразбира масовно собирање. Само така може да ја надминеме кризата со епидемијата. Барањето оставки од властите ниту е решение, ниту пак има некаква смисла“, истакнува д-р. Пановски за „Фактор“.



Слични Објави