Д-р Петличковски: Стигнавме до имунитет од 80 отсто, но за жал со многу починати

/

Појавувањето на нови вријанти на коронавирусот сега е многу потешко кога голем дел од населението, 80 проценти, има постигнато колективен имунитет, вели претседателот на Комисијата за заразни болести, Александар Петличковски.

– Процентот на вакцинирање е мал во Македoнија. Тоа е најбезбеден и најдобар излез од пандемијата. Ние по потешкиот пат со прележување на болеста и сепак достигнавме и ние до 80 проценти од имунитет. Имунитетот од прележана болест е многу солиден, изјави Петличковски во гостување на „Утрински брифин“.

Спроведениот скрининг на населението покажал дека голем дел од населението е веќе имунизиран, а податоците се однесуваат конкретно на Скопје

-Досега се анализирани 920 примероци. Од нив 170 се невакцинирани. Кај вакцинираните дури 89 проценти имаат некаков имунитет, само 170 се неимунизирани, но 78 проценти имаат имунитет поради прележана болест. Сакам да ја споменам изјавата на Дејан Трајковски кој ги следи движењата со епидемијата и многу убаво дефинира:

Ако сите луѓе беа вакцинирани наместо 9.000 умрени од ковид-10 денес ќе имавме барем 3.000 помалку. Сакам да кажам и да биде јасно, ние и така ќе стигнеме до колективен имунитет, но плаќаме превисока цена – овие 3.000 луѓе кои умреа заради ковид. Доколку беа вакцинирани не мораше да умрат. Секако имунитетот после прележана болест има своето место во денешната состојба, но за жал цената е таа – 3.000 непотребни мртви, рече д-р Петличковски,

Тој како пример ја издвои Италија, како една од најпогодените земји од коронавирус која успеа да достигне висок процент на имунизација на населението дури и со трета доза.



-Населението во Италија со доверба ги чекаше вакцините. Голем дел од популацијата над 70 проценти се вакцинираа доброволно, а другите 20 проценти се поттикнати од прогресивните рестриктивни мерки и ограничување на нивниот пристап.

Останаа 10 проценти невакцинирани и тоа оние кои веруваат во теоријата за рамна земја. Кај нас веројатно овој процент е поголем. Сметам дека најголемата кривица за малиот процент на вакцинирани кај нас не е во луѓето, туку во власта, во нас, во стручните лица кои не успеавме да му објасниме на населението доволно јасно и со примери да покажеме, дека вакцините се нашиот најдобар излез, нагласи претседателот на Комисијата за заразни болести.

Откако скринингот во училиштата покажа дека од 2.200 деца, само 18 беа позитивни, тој вели дека има можност наскоро учениците да престанат да носат маски. Моментално имаме намалување на бројот на позитивни случаи, имаме намалување на бројот на хоспитализирани, имаме намалување на бројот на починати заразени од ковид и според Петличковски одиме во добра насока.

Извор: Zoom. mk



Претходна статија

Зеленски: Секоја куќа, секоја улица и град ќе ги вратиме во старата состојба, Москва ќе плати се!

Следна статија

Преговорите помеѓу Украина и Русија продолжуваат денеска

Најново од Вести