Д-р Врабевска: Нашата мисија е да изградиме слободни и одговорни млади Бугари, способни да ги претворат своите идеи во активности
Се трудиме да им даваме пример на децата во школо не преку зборови туку преку дела. Нашата мисија е да изградиме слободни и одговорни млади Бугари, способни да ги претворат своите идеи во активности, да мислат конструктивно и иновативно. Ова го изјави д-р Росица Врабевска во интервју за бугарскиот дневен весник ,,24 часа” во кое таа раскажува за работењето на приватното училиште ,,Цар Симеон Велики” со кое раководи.
Д-р Врабевска раскажува и за активностите поврзани со иницијативите за зближување меѓу децата од Бугарија, РС Македонија, Молдавија, Украина и Србија.
,, Секоја година обезбедуваме стипендии за деца од западните Родопи во Бугарија и РС Македонија. Даваме стипендии на деца од ранливите социјални категории. Секоја година на 24-ти мај сме домаќини на ученици од РС Македонија, Молдавија, Украина, Албанија и Србија, кои заедно со нивните врсници од Бугарија учествуваат во празничната поворка во Софија”, вели д-р Врабевска.
Таа додаде дека нејзиното училиште располага и со специјална авторска програма за работа со деца со специјални образовни потреби.
,, Располагаме со наша авторска програма за работа со деца со специјални образовни потреби. Училиштето има и тим за поддршка за развојот на личноста и модерни услови, со помош на кои овие специјални деца достигнуваат забележлив напредок во нивните социјални вештини, се разбира и со поддршката на нивните соученици”, вели д-р Врабевска во интервјуто за „24 часа“.
