ДАЛЕКУ Е КАТИЦА ОД ЛАУРА

/

Романија ги има прекршено правата за правично судење и слобода на изразувањето на поранешната специјална обвинителка Лаура Ќовеши. Одлуката ја донесе Европскиот суд за човекови права во Стразбур.

Ќовеши беше разрешена од позицијата во 2018, кога Владата раководена од Социјалдемократската партија ја обвини во злоупотреба на службената должност, непочитување кон парламентот и други прекршоци. По одлука на Уставниот суд на Романија, претседателот Клаус Јоханис потпиша указ за разрешување на Ќовеши и покрај незадоволството на романската јавност.

Минатата година Ќовеши беше назначена за главен обвинител на ЕУ. Таа доби голема меѓународна поддршка по пресудите за корупција на голем број министри, градоначалници и други романски високи функционери.





Претходна статија

КОРОНАВИРУСОТ КОСИ ВО БРИТАНСКИТЕ ДОМОВИ ЗА СТАРИ ЛИЦА

Следна статија

МИЦКОСКИ ГО ОХРАБРИ ФИЛИПЧЕ ДА И СЕ ВРАТИ НА МЕДИЦИНАТА

Најново од Вести