Дарко Каевски нов портпарол на СДСМ

/

Извршниот одбор на СДСМ на синоќешната седница го назначи пратеникот Дарко Каевски за нов портпарол на партијата, на местото кое беше испразнето со изборот на Костадин Костадинов за градоначалник на Општина Струмица. СДСМ информира дека Каевски е магистер по Право на интелектуална сопственост и дека во тек се неговите докторски студии на „УниБит“ во Република Бугарија..

Во неговата биографија пишува дека Дарко Каевски е пратеник во македонското Собрание и потпретседател на Парламентарното собрание на Советот на Европа.

Каевски бил директор на Агенцијата за млади и спорт,  претходно работел во приватниот сектор, а во периодот од 2018 до 2020 бил претседател на Социјалдемократската младина.

„Водејќи се од начелата за одговорно комуницирање, отеченост и транспарентност, портпаролите на СДСМ, Дарко Каевски и Богданка Кузеска стојат на располагање на новинарите и на јавноста за прашања од каков било интерес“, соопшти СДСМ.





Претходна статија

Гуливер ќе лета два пати неделно на линија Софија-Скопје

Следна статија

Зеленски: Секоја куќа, секоја улица и град ќе ги вратиме во старата состојба, Москва ќе плати се!

Најново од Вести