ДАШТЕВСКИ: ЈАС СУМ НАЈНЕПАРТИСКИ ЧЛЕН, ЌЕ РАБОТАМ ПРОФЕСИОНАЛНО

Членовите на Државната изборна комисија денеска дадоа свечени изјави пред претседателот на Собранието Талат Џафери, што се поклопи со истекот на мандатот на сега веќе, минатиот состав на Комисијата.

loading...

Претседателот на ДИК Александар Даштевски, кој како прв човек на Комисијата, доаѓа на предлог на ВМРО-ДПМНЕ, изјави дека е добро што сè се завршило навреме, бидејќи тоа е важно за добро организирање на изборниот процес и не треба да има празнина помеѓу две комисии.

За својот избор и тоа што доаѓа на предлог на опозициската партија вели дека „изборот е по предлог на партија до избирање“, а оти потоа согласно законот и Уставот ќе работи стручно и професионално.



loading...

„Самиот закон вели дека треба да ги правиме после работите стручно и професионално, така што тука завршуваат партиската помош. Може да се каже дека сум јас најнепартиски, ниту сум член во тело на некоја партија, така што тоа е само за изборот. Веројатно верувале дека можам да сработам добро и поради тоа се одлучиле за мене“, изјави Даштевски.