|

Дендијас одби да одржи прес-конференција со косовската министерка пред натпис „Република Косово“

Министерот за надворешни работи на Грција Никос Дендијас при денешната посета на Приштина одби да одржи прес-конференција со Министерката за надворешни работи и дијаспора на Косово Доника Гервала пред табла со натпис „Република Косово“, објави Економија онлајн.

Заедничката прес-конференција во Приштина, Гервала и Дендијас ја одржа на другата страна на салата, каде што беа поставени само знамињата на Косово и Грција.

Шефот на грчката дипломатија на Твитер изјави дека со косовскиот министер разговарал за соработка на различни полиња, регионален развој, како и за дијалогот меѓу Приштина и Белград.

https://platform.twitter.com/widgets.js

Извор: Слободен печат



Слични Објави