Детали од МВР за нападот врз Христијан Пендиков, секретар на клубот „Цар Борис Трети“ во Охрид
МВР објави детали за инцидентот кој се случи синоќа во Охрид, а во кој беше нападнат и претепан секретарот на здружението „Цар Борис Трети“ Христијан Пендиков.
„На 19.01.2023 околу 22.30 часот во Охрид е пријавен физички напад врз Х.П. (21) од Охрид од страна на С.К., С.К. и И.С.
Според пријавеното од Х.П., во угостителски објект лоциран на кеј „Македонија“ во Охрид, а потоа и надвор од објектот, физички бил нападнат од С.К., С.К. и И.С., сите од Охрид и притоа се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Охрид. Известен е јавен обвинител и СВР Охрид презема мерки за расчистување на случајот, по што ќе следува соодветна пријава, соопштија од охридската полиција.