ДИГИТАЛНА АГЕНДА ЗА ЗАПАДЕН БАЛКАН, ОДОБРЕНИ 220 МИЛИОНИ ЕВРА

//

Како дел од стратегијата на ЕУ за проширување во регионот, денеска ќе биде стартувана Дигиталната агенда за Западен Балкан.

Главни области на оваа агенда се намалување на трошоците на роамингот, широкопојасниот интернет, развојот на е-влада, е-набавки, е-здравство и дигитални вештини, градењето капцитети во дигиталната доверба и безбедност паралелно со напорите за подобрување на дигитализацијата на индустриите и донесување, спроведување и јакнење на “acquis“ системот.

Пакетот за поврзување за 2018 година има на располагање 220 милиони евра ЕУ грантови, од кои 190 милиони евра за проекти за поврзување и 30 милиони евра за техничка поддршка за подготовка на дигитални проекти.

Агендата почнува на Дигиталното собрание 2018, што денеска и утре се одржува во Софија, во организација на Европската комисија и Бугарското претседателство со Советот на Европската унија.



Извор: Радио Слободна Европа

Претходна статија

СДСМ: ПРИ ЈАВНО ОБЈАВЕН ДОГОВОР, ВМРО-ДПМНЕ СЕ ДРЗНУВА ДА ЈА ЛАЖЕ ЈАВНОСТА, МАКЕДОНСКИТЕ ТОПОНИМИ НЕ СЕ ЗАБРАНУВААТ

Следна статија

ПРИЛЕПЧАНИ ТРЧАА ЗА ПОМОШ И ПОДДРШКА НА СВОИТЕ СОГРАЃАНИ СО ЦЕРЕБРАЛНА ПАРАЛИЗА

Најново од Вести