|

ДИК одзеде акредитации на осум домашни набљудувачи

ДИК донесе одлука за одземање на акредитациите за набљудување на осум лица. Станува збор за домашни наљудувачи во Општина Шуто Оризари, за кои во текот на денот ДИК добила пријава за злоупотреба на беџовите за домашни набљудувачи, односно агитирање во училиште пред гласачки места.

-На овие лица ДИК им издала акредатации за набљудување, согласно доставените податоци до нас и констатиравме дека овие лица го пречекориле Кодексот за набљудување за лица кои треба непристрасно да се однесуваат на гласачките места и вршеле агитирање на гласачките места, изјави Кондарко. 

Тој посочи дека ДИК го известило МВР за овој настан, бидејќи тие агитирале надвор од гласачкото место, каде ДИК не е надлежна. 



Слични Објави