ДИМИТРОВ: БРИСЕЛ ДА НЕ ГО ЧЕКА ФОРМИРАЊЕТО ВЛАДА ВО БУГАРИЈА

//

Вицепремиерот за евроинтеграции Никола Димитров е загрижен дека довербата во ЕУ ќе се намали и го повика Брисел да не чека календари на парламентарни избори во земјите-членки.

„Деликатно е прашањето. Или ќе бидеме сите губитници, или ќе бидеме сите победници. Мислам дека и Бугарија има што да изгуби. Партнерство и соработка не оди со блокирањето и со ветото. Ќе изгуби и ЕУ, ќе биде многу тешко зборовите на ЕУ да бидат третирани со доверба и сериозност. Не само кај, нас туку и во целиот регион. Мислам дека треба да правиме се да ги искористиме шансите како ќе доаѓаат., Ако одиме по календар на избори, секогаш ќе има некаков проблем. Да правиме се што можеме да не олеснуваме работите да ни олеснуваат.“, рече Димитров денеска на приемот на донација респиратори од Словачка.



Претходна статија

ЗАХАРИЕВА ПОДГОТВЕНА НА СЕРИОЗЕН РАЗГОВОР, НО НЕ И ПРЕКИН НА ДИПЛОМАТСКИ ОДНОСИ

Следна статија

МОН: НАСТАВАТА НЕ Е ЗАМИСЛЕНА ДА СЕ ОДВИВА НА КОМПЈУТЕРИ ИЛИ ТАБЛЕТИ, СЕ ДИГИТАЛИЗИРААТ САМО УЧЕБНИЦИТЕ

Најново од Вести