| |

ДИМИТРОВ СЕ СРЕТНА СО НОВИОТ ШЕФ НА ОБСЕ ВО МАКЕДОНИЈА

Денеска, министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров, се сретна со новоименуваниот шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Клеменс Која од Австрија. Министерот Димитров, честитајќи му го именувањето на оваа функција, ја потенцира важната улога на Мисијата на ОБСЕ во Македонија во поддршка на реформските процеси на Владата со уверување дека ваквиот пристап на соработка ќе продолжи во текот на неговиот мандат. За време на средбата соговорниците разменија мислења за планираното реализирање на програмските цели на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, со посебен акцент на соработката со ОБСЕ во поддршката на реформските процеси.



Слични Објави