Добре Митрев: РС Македонија треба да ги признае Бугарите, инаку нема да има решение на проблемот со Бугарија

//

„Додека РС Македонија не признае дека на нејзина територија живеат и Бугари, нашите односи засекогаш ќе останат такви какви што се во моментот“, изјави за бугарската информативна агенција БГНЕС, Добре Митрев, претседател на Здружението за македонско-бугарско пријателство-Скопје.

Тој објасни зошто главното барање на Бугарите во РС Македонија е да бидат вклучени во Уставот на земјата.

„Ова е нашето најголемо барање, бидејќи само на овој начин ќе ги добиеме граѓанските права што ги имаат сите други националности во РСМ“, вели Митрев.

„Македонските власти нека кажат колку Бугари се примени во државна квота на универзитетите? Нека кажат колку Бугари се вработени во државни установи? Има Албанци, Роми, Турци и Власи. Сите ги уживаат овие права без нас, Бугарите “, додава Митрев.

Тој нагласува дека тешката состојба на Бугарите во РС Македонија не е од денес.



„Јазикот на омраза кон Бугарите и кон Бугарија продолжува и сите ние што живееме во РС Македонија го чувствуваме и го доживуваме со големи потешкотии. Овој тренд се засили посебно во последната година “, рече Митрев, додавајќи:

„Се прашувам како може да има толку голема омраза кај луѓето. Не мислев дека некој може толку да мрази “.

Друг проблем, според него, е што се што прави Бугарија не е прифатено со добра волја во РС Македонија, бидејќи постои мислење дека сето ова е направено со одредена намера.

Митрев е оптимист и се надева дека проблемите меѓу нашите две земји ќе бидат решени во блиска иднина.

Претходна статија

Падна снег, забрана за движење на тешки моторни возила на патот Маврово-Дебар

Следна статија

Заев: Спроведуваме политики што обезбедија стабилност и раст и во услови на Ковид-19

Најново од Вести