| |

Добротворна аукција со фотографии на украинскиот Бугарин Олександар Барон ќе се одржи во Софија

Во рамките на четвртото издание на меѓународниот фестивал за етнографско кино ,,ОКО”, на 6-ти октомври 2023 година со почеток од 19 часот во акционата куќа ,,Енакор ” во Софија ќе се одржи добротворна аукција со фотографии на Бугаринот од Одеса Олександар Барон.

Фотографиите се од серијата ,, Луѓето на Украина преку мир и војна”. Коратор на акцијата и изложбата е Русица Гичева .
Аукцијата се одржува во корист на Болградскиот 88 батаљон, од вооружените сили на Украина во кои мнозинството на припадниците се украински Бугари.

,, Купувањето на некоја од прекрасните фотографии на Сашо Барон, ќе биде мала поддршка за огромната жртва на украинските Бугари. Тие ги даваат своите животи и за нашиот мирен живот и за нашата слобода. Можеме да им помогнеме на повеќето од нив да останат живи и да се вратат кај своите деца, брачни другари и родители”, пишува на социјалната мрежа Фејсбук кураторката на изложбата Росица Гичева.

Правилата за учество на аукцијата можете да ги видите на следниот линк, додека правилата за учество on line овде.
Почетната цена на секоја една фотографија е 40 евра. Истите можат да бидат разгледани во каталогот на ,,Енакор”.

Слични Објави