| |

Добротворна изложба на детски цртежи во бугарскиот парламент за поддршка на три педијатриски одделенија

Светиот синод на Бугарската православна црква и Народното собрание на Бугарија на 26 ноември во источното крило на парламентот во Софија ќе отворат продажна изложба на детски цртежи, јавува БТА. Собраните средства ќе бидат наменети за реновирање на педијатриските одделенија во болниците во Видин, Враца и Ловеч, како и за набавка на медицинска опрема и лекови, соопшти Бугарската патријаршија.

Изложбата е дел од кампањата „Деца цртаат за деца“, во рамките на која се продаваат дела наградени на годишниот национален конкурс на Светиот синод „Мојот небесен заштитник, мојот православен храм“.

На отворањето ќе присуствуваат бугарскиот патријарх и софиски митрополит Даниил, претседателката на Народното собрание Михаела Доцова и мелничкиот епископ Герасим, главен секретар на Светиот синод. Најавено е и присуство на наградените ученици, пратеници, свештеници и директори на болници и училишта.

Слични Објави