ДОКТОРКА ОД ЧИКАГО: ДЕЛ ОД ПОЧИНАТИТЕ ГИ СТАВАМЕ ВО ЛАДИЛНИЦИ ЗА МЕСО

/

Специјалистка во Одделот за интензивна нега во болницата Сент Џозеф во Чикаго, Амила Салм, изјави за „Аваз.ба“ изјави дека во една смена имаат над дест мртви од коронавирус.

„Тројца починаа денес и можам да кажам дека ова е еден од нашите подобри денови“, вели таа.

„Американците не го сфатија ова сериозно на почетокот, па денес имаме ситуација кога немаме каде да ги ставаме мртвите тела, така што дел од нив ги оставаме во приколка од камион-ладилник за месо. Истиот проблем е и со погребувањето на мртвите. Се отвораат нови гробишта, а властите дури размислуваат да претворат некои паркови и други јавни места во гробишта “, додава таа.

Салм вели дека им се заканува сценариото на Њујорк за седум дена, кој во моментов е епицентарот на светската пандемија. Тврди дека не е точно оти умираат само постари лица.

„Најмладата жртва беше бебе од само 10 месеци. Сите сме на нозе. Работиме по 16 часа. Зад нас се надлежните, така што ја имаме целата потребна опрема, доволно кревети и респиратори“, објаснува.



Раскажува дека покрај дијабетичарите, ризични групи се и оние со низок крвен притисок, срцеви заболувања и други хронични состојби.

„Постапката е таква што сè е испробано. Прво, од ставање на обичен кислород, па до вентилатор. Ова е последната опција и само 20 отсто од пацинетите се отстранети од вентилаторот и преживуваат. Овие луѓе умираат сами, ме гледаат само мене во одделот. Затоа, решив да носам таблет во такви ситуации, за да им дадам можност да се простат од своите најблиски “, опишува таа.

Признава дека најтешката работа за неа е кога одлучува за „живот или смрт“.

Извор: Макфакс

Претходна статија

ОД ДЕНЕСКА ДИСПЕРЗИЈА НА ТЕРАПИЈАТА НА ПАЦИЕНТИТЕ СО МАЛИГНИ ЗАБОЛУВАЊА

Следна статија

ОД ПОЛНОЌ НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА КОИ ЌЕ ВАЖАТ ЕДНА НЕДЕЛА

Најново од Вести