Драма во училиштен двор во Кичево – 17-годишен ученик нападнал соученик со нож
Во едно кичевско средно училиште владее шок и вознемиреност откако вчера 17-годишен ученик нападнал соученик со нож. Инцидентот се случил по кратка расправија меѓу двајцата малолетници, која брзо прераснала во физичка пресметка.
Според првичните информации, осомничениот по вербален конфликт извадил нож и му нанел убодна рана на 15-годишниот ученик. Повредениот бил пренесен на лекарска помош, додека напаѓачот бил приведен на лице место.
Од полицијата потврдија дека 17-годишникот е лишен од слобода, а против него ќе се води постапка за насилство.
Жителите на Кичево апелираат на посериозни мерки за безбедност во училиштата и поголема контрола врз внесување на опасни предмети од страна на учениците.

