Драмскиот писател Зоран Пеjковски ќе биде нов директор на Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Софија
Зоран Пејковски, на предлог на министерот за култура е именуван за директор на Културно – информативниот центар на Република Северна Македонија во Софија, Република Бугарија.
Пејковски е македонски драмски писател, драматург, поет, сценарист, прозаист, публицист, театролог и единствен натуралист во македонската литература. Тој е и доцент од областа Драматургија на Факултетот за театарски уметности при Интернационалниот универзитет „Европа Прима“ од Скопје.
Член е на Друштвото на писатели на Македонија од 1995 година, во 2016 година од институцијата Светски амбасадори на мирот (Universelle des Ambassadeurs de la Paix, Suisse/France) се стекнува со титулата Почесен амбасадор на мирот, во 2017 г, се стекнува со титулата редовен академик на Чувашката народна академија од Руската Федерација, а во 2018 година се стекнува со титулата Европски писател на поезијата и уметноста, која ја доделува Номинациската комора за награди од Брисел при Европската Унија.
Фото: Слободен печат

