|

ДУИ го претстави четвртиот приоритет – Зелената агенда

Демократската унија за интеграција (ДУИ), денеска го претстави четвртиот приоритет на платформата за локалните избори, Зелената агенда.

Насер Нуредини од ДУИ на денешната прес-конференција истакна дека оваа Платформа и петте приоритети, кандидатите за градоначалници мора да им се придржуваат, бидејќи оваа Платформа ветува поразвиени општини, повисок животен стандард и вклученост на граѓаните во донесувањето одлуки.

Нуредини нагласи дека Зелената агенда предвидува чисти градови, без отпад на нашите улици и населби, чиста вода за пиење во сите општини, чист воздух, модерна патна инфраструктура, чиста и достапна енергија за сите граѓани.

„Зелената агенда значи заштита на водата, обезбедувајќи чиста вода за пиење за секој граѓанин без разлика дали живее во урбани или рурални средини, како и изградба на канализациски мрежи, пречистителни станици, како и чисти езера и чисти речни корита“, рече Насер Нуредини од ДУИ.



Слични Објави