ДУРАКУ СИ ОДИ ОД ЕКОЛОГИЈА-АЛБАНСКИТЕ МЕДИУМИ ГО ПРАЌААТ ВО НОВОТО МИНИСТЕРСТВО ЗА ПОЛИТИЧКИ СИСТЕМ
Министерот за животна средина и просторно планирање, Садула Дураки, е првото име од Владата кое по се изгледа ќе биде опфатено со реконструкцијата што ја најави Заев, јавува Фокус. Албанските медиуми пишуваат дека тој ќе остане и понатаму во Владата така што ќе го добие новоформираното Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците.
Ова Министерство треба да го замени Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор. Од таму веќе е извесно дека си заминува Хазби Лика.
Деновиве треба да се одржи првата средба меѓу премиерот и Али Ахмети, каде ќе се договорат детали околу најавената реконструкција.
