Две недели онлајн настава за средношколците од Тетово и Гостивар

/

Средношколците од Тетово и Гостивар првите две недели од школската година ќе имаат онлајн настава поради лошата состојба со пандемијата.

Комисијата за заразни болести го прифати барањето на на градоначалничката на Тетово Теута Арифи, а ќе се промени ако се намали бројот на заразените во Полошкиот регион.

Министерот за здравство Венко Филипче вели дека ваквата одлука е донесена поради големиот број пациенти од Тетово и Гостивар, кои поради ограмничени капацитети во тамошните болници се сместуваат во Скопје.

„Средните училишта и бројката на ученици кои што се во средни училишта тука, во Тетово и Гостивар, е прилично висока и може да биде дополнителен ризик фактор, иако мора да потенцирам немаше трансмисија во училиштата за време на минатата учебна година кога 40 отсто беа во училниците, но ние мора да сме внимателни. Значи, сега сепак имаме тука преполни болници и не можеме и не сакаме да преземеме ризик да се случи уште едно дополнително вложување на состојбата и уште еден дополнителен притисок на болничките капацитети”, вели Филипче.

Градоначалничката на Тетово Теута Арифи ја поздрави одлука на Комисијата и се надева дека таа на минимум ќе го сведе ризикот од ширење на вирусот.



“Барањето во однос на започнување на училиштата со онлајн присуство следните недели за да може да го поминеме овој тежок период што го имаме пред нас”, вели Арифи.

Таа ги повика средношколците и нивните родители да се вакцинираат со цел побргу да се достигне колективниот имунитет.

Извор: Zoom. mk

Претходна статија

Од Ковид-19 почина момче од Ресен заразен на неговата свадба

Следна статија

Десет посто од починатите пациенти од Ковид-19 биле вакцинирани

Најново од Вести