| |

Џафери ја прескокна точката за законот за јазиците

Претседателот на Собранието Талат Џафери ја прескокна точката за законот за употреба на јазиците со која требаше да продолжи денешната 32. седница. Наместо тоа, седницата продлжи со гласање по други точки од дневниот ред.

Претходно Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ побара да не се расправа за законот за јазиците и седницата да биде прекината. Тој побара од Комисијата за мандатно-имунитени прашања да расправа за сите аспекти поврзани 35.500 амандмани поднесени од најголемата опозициона партија.

Димовски посочи дека нивните амандмани се однесуваат само на 19-те членови за кои претседателот на државата укажал дека се неуставни.

 

Слични Објави