Џафери – Вал: Времето што доаѓа носи предизвици и затоа е потребна поголема меѓусебна соработка

/

Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска оствари средба со Килијан Вал, новоименуван шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, на која двајцата соговорници се согласија дека времето што доаѓа носи предизвици и затоа е потребна поголема меѓусебна соработка, со цел Република Северна Македонија да може да напредува на својот европски пат и да ги надмине економските и енергетските тешкотии.

Тие ја остварија средбата во време кога Северна Македонија и ОБСЕ прославуваат 30 – годишнина од воспоставувањето на мисијата на ОБСЕ во Скопје, како и во пресрет на претседавањето на нашата земја со ОБСЕ во 2023 година.

– Во однос на плодната соработка меѓу Собранието и Мисијата на ОБСЕ во Скопје, претседателот Џафери се заблагодари за големите заслуги на ОБСЕ за зајакнување на парламентарната независност, надзорната функција, демократската улога и промовирањето на родовата еднаквост, како и за унапредувањето на младинските политики во земјава. Понатаму, тој истакна дека ОБСЕ ја поддржува Мрежата на канцеларии за комуникација со граѓаните во изборните единици и помага со експериза во Предлог измените на Деловникот од родов аспект, информираа од собраниската прес-служба.

Оттаму наведоа дека амбасадорот Вал изразил големо задоволство од досегашната соработка и истакнал дека соработката на ОБСЕ со Собранието на Република Северна Македонија е најважна за Мисијата на ОБСЕ во Скопје.



– Тој истакна дека нашата земја ќе добие помош и поддршка во текот на претседавањето со ОБСЕ следната година. Изрази интерес за тековните парламентарни активности, како и за предложените законски решенија кои се во процедура, додадоа од прес-службата на Собрание.

Извор: Zoom. mk

Претходна статија

Маричиќ: Побаравме Северна Македонија да стане дел од Европската миграциска мрежа

Следна статија

Шпанија во декември ќе испрати војници и борбени авиони Ф-18 во Романија

Најново од Вести