Џафери во Тирана на конференција на претседателите на парламенти
Претседателот на Собранието, Талат Џафери, денеска ќе престојува во Република Албанија каде што ќе учествува на Конференција на претседателите на парламенти на Јадранско-јонската иницијатива (ЈЈИ).
На редовната конференција која годинава се организира од страна на Собранието на Република Албанија како претседавач на ЈЈИ, покрај претседателката на Собранието на Република Албанија, Линдита Никола, во својство на домаќин на настанот и претседателот Џафери, ќе учествуваат и претседателот на Парламентот на Република Словенија, Игор Зорчиќ, потпретседателот на Претставничкиот дом на Република Италија, Еторе Розато и претставници на грчкиот парламент, на Високиот генерален совет на Сан Марино, како и генералниот секретар на ЈИИ, Џовани Кастеланета.
Во текот на Конференцијата, учесниците ќе расправаат на две теми: „Европска интеграција: Западен Балкан, додадена вредност на Јадранско-јонскиот Регион и на Европската Унија“ и „Културата и туризмот како приоритет во соработката меѓу земјите од ЈИИ.“