Е. ЗАХАРИЕВА: ИНТЕРЕСОТ ЗА БУГАРСКИ ИНВЕСТИЦИИ ВО МАКЕДОНИЈА Е ЗГОЛЕМЕН ЗА 100%
Интересот на бугарските фирми за инвестиции во Република Македонија е зголемен за 100 проценти, изјави шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева пред новинарите за време на својата средба со нашиот министер за надворешни работи Никола Димитров.
“Сигурна сум дека интересот ќе се зголеми уште повеќе откако ќе ја подобриме инфраструктурата меѓу двете земји, бидејќи во моментот за растојание од 288 км се патува 4 часа, а тоа не е добро”, рече таа, цитирана од новинската агенција ФОКУС. Според неа, интересот на стопанствениците е насочен кон инвестиции во трговијата, производството, земјоделството, банкарството и ИТ секторот.

